Филипче: Платформата е проект на Мицкоски, втор дел од ЗНАМ – против НАТО, против ЕУ и против албанскиот јазик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „Импакт“ на ТВ Шења, рече дека Платформата во која учествуваат поранешни партиски функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата и продолжување на неговото владеење.

„Седнаа со Левица да преговараат наши партиски поранешни функционери, на маса заедно со Левица, која што е партија против НАТО, партија против Европската Унија и партија која што се противи на албанскиот јазик. Ете, со таква партија сакаа дел од поранешните функционери да даваат алтернатива за опозицијата“, рече Филипче.

Тој подвлече дека оваа е антинационален проект на Мицкоски, ЗНАМ 2.0.

„Тоа воопшто не е опозиција. Тоа е антинационална, антидржавна, непатриотска иницијатива која што не води никаде. Проект на Мицкоски, ЗНАМ втор дел, кој што сака да нè раситни. Зошто? Со цел да може тој да продолжи да владее“, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче порача дека обидите за раситнување на СДСМ нема да успеат и нагласи дека партијата има капацитет и визија да ја врати власта во рацете на граѓаните.

„Сакам јавно, јасно и гласно да им порачам: нема да им успее. Затоа што стожерна опозициска партија, која што ќе ја врати власта во рацете на граѓаните на следните избори, кога и да бидат, е СДСМ. Само ние имаме капацитет, волја, желба, вистинска визија што треба да се случува со државата“, потенцираше Филипче.

Тој нагласи дека во партијата постои силен консензус и единство за европската иднина на државата.

„Има силен консензус за тоа, апсолутно единство во ставот дека нашата иднина е само Европската Унија“, рече Филипче.

Линк до видео: