Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска беше меѓу граѓаните на Аеродром и со нив разговараше за секојдневните проблеми и за актуелнатa политичка ситуација.
– На следните фер и демократски избори ќе се случат промени. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат минато. Новата, одговорна влада предводена од СДСМ бескомпромисно ќе се бори против корупцијата и криминалот. Нема да дозволиме да има селективна правда во Македонија. Ќе изградиме едно напредно, успешно општество каде што секој граѓанин ќе живее во слобода, ќе ужива правда, сите граѓани ќе бидат еднакви, рече Спасовски.
Хаосот што настана со избирачкиот список, ги интересираше аеродромци. Дел од граѓаните посочија дека пронашле неправилности во списокот.
-ДИК треба да го исчисти избирачкиот список и ниту една бројка, ниту еден глас, да не може да биде злоупотребена. Ништо нема да го спаси Груевски од одговорноста за изборниот криминал. Мора во целост да се прочисти избирачкиот список и секој граѓанин слободно да може да го даде својот глас. Никој нека не размислува за криминални избори, бидејќи тоа нема да го дозволиме. Законот е јасен и предвидува казни затвор од 3-5 години. Секој што го прекршил законот ќе одговара, рече Спасовски пред присутните.
Спасовски при посетата во Аеродром беше придружуван од членот на извршниот одбор на СДСМ, Дарко Давитковски.