fbpx

ВМРО-ДПМНЕ троши милиони евра за пропаганда додека војниците спијат во шатори со вода

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ плаќа по 278 илјади долари месечно на лоби-фирми и преку нив сака да креира лажна слика за Македонија со нарачани текстови.

За шест месеци тоа се над 1.6 милиони долари или над 4.000 плати со просек од околу 350 евра!

Од каде им се на ВМРО-ДПМНЕ 1.6 милиони долари?

ВМРО-ДПМНЕ сака преку странски лоби групи и ПР компании да го прикрие криминалот и криминалните политики што го направи во последните 10 години преку нереални текстови, платени со парите на граѓаните.

Додека граѓаните мака мачат со неплатените сметки, со извршителските блокади и не можат да обезбедат кров над глава, ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со милиони евра.

Додека војниците на АРМ спијат во шатори полни со вода, додека нема лекови по амбулантите, ВМРО-ДПМНЕ троши милиони евра на пропаганда, платена со пари на граѓаните.

Бадијала му се на Никола Груевски странски лоби групи и ПР компании. Бадијала му се на Никола Груевски платени средби во САД каде што му кажаа дека треба се вратат демократските вредности во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ се прочитана книга којашто граѓаните едвај чекаат да ја затворат за никогаш повеќе да не се повтори.

На фер и демократски избори ќе се случат промени, промени со кои Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат минато а криминалците ќе одговараат.

 

Скопје, 23.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести