Филипче: Тешка оловна завеса се спушта на нашата татковина, ќе ја кренеме!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Ссоцијалдемократскиот сојуз на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето на 31- от Конгрес на СДСМ, порача дека партијата има јасна и недвосмислена одговорност кон татковината и дека нема да дозволи Македонија да биде третирана како плен.

„СДСМ, добро знае што значи зборот одговорност кон татковината. Другите ја гледаат Македонија како плен, како територија за владеење, ние ја гледаме како дом“, рече Филипче.
Притоа, Филипче нагласи дека неговото обраќање не е само партиско, туку длабоко човечко и државотворно.

„Денес, не стојам тука пред вас само како претседател на партија. Стојам како човек кој со жалење гледа како се спушта една тешка, оловна завеса над нашата татковина“, рече Филипче, предупредувајќи дека „се враќаат духови од минатото за кои мислевме дека сме ги победиле“.

Тој додаде дека токму СДСМ има обврска да застане на браникот на државата.

„И знам, исто како што знаете и вие, дека ако ние, наследниците на партизаните, на државниците, на визионерите не ја кренеме таа завеса, никој друг тоа нема да го стори. Ова е собир за спас на македонското достоинство и за одбрана на она што е наше“, порача Филипче.

Во своето обраќање на Конгресот, Филипче повика на соочување со вистинската реалност во која живеат граѓанитем, осврнувајќи се на политиките на власта, која како што каже се што вети претвори во длабоко разочарување.

„Дали сме подготвени да ја прифатиме таа битка? Погледнете што се случува надвор. Погледнете ја реалноста, не онаа од лажниот ПР на Владата, туку онаа од фрижидерот на работникот. Донесоа тендери за своите блиски луѓе, донесоа грабеж на европски пари од кои сите ние се срамиме“, рече претедтелот на СДСМ, Венко Филипче.