СДСМ ќе поднесе законски решенија за покачување на платите на работниците и замрзнување на платите на функционерите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Имајќи ја предвид тешката положба на работниците, намалениот животен стандард на граѓаните, како и изнесените барања на Сојузот на синдикатите, СДСМ ќе поднесе законски решенија во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра, за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори како и законски решенија за замрзнување на платите на функционерите.

СДСМ ги поддржува барањата на работниците и Сојузот на синдикатите, секој работник заслужува достоинствена плата за живот.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференција ќе ги образложи деталите за овие законски решенија.