fbpx

Димова на средба со Националниот младински совет: Поддршка за младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, Лидија Димова денеска се сретна со претставниците на Националниот младински совет на Македонија, Ивона Крстевска, генерален секретар и членовите на Управниот одбор Иван Јованов и Симона Сарделиќ.
Целта на средбата што ја побараа претставниците на организацијата, е во насока на најавата на пратениците од редовите на СДСМ за отвореност и поддршка за вклучување на невладиниот и граѓанскиот сектор за прашања од интерес на јавноста.

Беше разговарано за вклучување на Националниот младински совет на Македонија во расправите за сите прашања во врска со младите.

Претставниците на НМСМ информираа дека се членка на Европскиот младински форум, а за две години ќе станат полноправна членка со право на глас.

Националниот младински совет на Македонија е мост помеѓу младите и институциите, составен е од 67 млади организации со мешан состав, вклучувајки и 10 политички подмладоци.

Пратеничката Димова ги информираше претставниците на НМСМ, за заложбите за поврзување на организацијата со европратеници заинтересирани за нивните активности, поради што организацијата се најде и во Резолуцијата на Европскиот парламент.
Од средбата произлезе заклучок пратениците да се заложат за поддршка на Националниот младински совет на Македонија од Буџетот на Република Македонија со цел поголем буџет за младите и нивните активности.

 

 

Последни вести