Соопштение за јавност
Марта Арсовска Томовска лаже.
Договор за медиумските реформи нема, затоа што од нив бегаат Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од лидерски средби, бегаат од работни групи, избегаа и од дебатата за медиуми во Собранието.
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да продолжи корупцијата на медиумите под нивна контрола со пари од граѓаните.
Реформите во медиумите што треба да обезбедат услови за фер и демократски избори значат целосна департизација и професионализација на советите на Агенцијата за медиуми и на јавниот сервис МРТВ.
Ова е обврска што произлегува од Договорот од Пржино, од Извештајот на Прибе, но и обврска од Извештајот на Европската унија за Македонија.
На таа линија е и ставот на СДСМ што е познат на домашната и на меѓународната јавност.
Неопходно е партиските кадри во советите на Агенцијата за медиуми и на МРТВ да се заменат со експерти.
Груевски попусто се обидел преку Арсовска Томовска да се спаси од вистински медиумски реформи.
Следните избори во Македонија мора да бидат фер и регуларни.
Тоа значи со прочистен Избирачки список и со медиумски реформи, го сакале тоа Груевски и соработниците или не.
Скопје, 20.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА