Соопштение за јавност
Изјавата на Никола Поповски дека криминалната банда на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на уставното име е нова лицемерна лага и нова навреда за граѓаните.
Никола Груевски, не само што ги крадел парите на граѓаните, не само што го крадел нивниот глас, туку тајно преговарал и се пазараел за името на државата, зад грбот на граѓаните.
Лажниот патриотизам на Никола Груевски излезе на виделина одамна и граѓаните тоа многу добро го знаат.
Вистината за Македонија покажа дека токму Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков се пазареле за уставното име на Република Македонија, тајно под маса заедно со бизнис партнерот на Груевски од Грција, познат како Манолис.
Граѓаните нема да ја заборават вистината за сите лаги на Никола Груевски.
Граѓаните ги очекуваат промените на следните фер и демократски избори на кои што ќе победи СДСМ, ќе победат граѓаните, ќе победи Македонија.
По промените, следува одговорност за целокупниот криминал и за сите изборни грабежи во изминатите 10 години.
Секој што го прекршил законот ќе одговара.
Скопје, 21.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА