fbpx

Збогум Никола, вистинскиот отчет доаѓа по промените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Единствен резултат преточен во дела на Никола Груевски се криминалот, стотиците илјади спорни гласачи и фантоми во избирачкиот список преку коишто години наназад го крадел слободниот глас на граѓаните.

Вистинскиот отчет на Никола Груевски пред граѓаните доаѓа по демократските промени.

Тогаш Никола Груевски ќе треба да даде отчет за извлечените над 5 милијарди евра, пари на граѓаните, надвор од Македонија. За сите криминални зделки и провизии за негово лично богатење и богатењето на фамилијата.

Никола Груевски ќе даде отчет за иселените 626.312 граѓани, пред се млади луѓе, коишто поради неговите „дил-ориентед“ политики се иселија од Македонија.

Груевски ќе даде очет поради тоашто на криминален начин потроши 630 милиони евра за споменици а во сиромаштија живеат над 500.000 граѓани во земјава.

Отчет Груевски ќе даде затоа што неговите расипнички и коруптивни политики затворија над 10.000 фирми.

Никола Груевски ќе даде отчет пред граѓаните затоа што ја донесе Македонија на 13-то место по бедотија во светот.

Затоа што Македонија е на врвот во Европа по смртноста на бебињата. Затоа што годишно умираат 1.350 граѓани поради загаден воздух.

Секоја украдена пара од граѓаните ќе им биде вратена назад, на граѓаните. Оние што го прекришиле законот ќе одговараат.

Денешниот така наречен отчет на Никола Груевски и криминалната банда којашто 10 години ги краде и манипулира граѓаните е врв на лицемерие и потценување на граѓаните на Република Македонија.

Парадата на криминалните ликови е нова компилација од лаги, нереални, лажни инвестиции и лажни работни места.

Поранешниот премиер, Никола Груевски е веќе минато и овој настан е еден вид негово збогување.

Доаѓаат промени на слободни, фер и демократски избори.

Збогум Никола!

Скопје, 20.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести