fbpx

Шекеринска во Пробиштип: Над 330 илјади сомнителни гласачи се потврда за изборниот криминал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска е помеѓу граѓаните на Пробиштип.

Собрани во голем број, граѓаните изразија силна поддршка за раководството на СДСМ во борбата за вистината и правдата. Тешко живеат и сакаат работите во земјата да се променат на подобро.

По објавувањето на стотиците илјади спорни и фантомски гласачи во избирачкиот список граѓаните сакаат да бидат сигурни дека никој повеќе нема да го краде нивниот глас.

– После проверките на избирачкиот список се покажа дека над 330 илјади гласачи се сомнителни и тоа го потврди изборниот криминал. Актуелната власт владеела не само со уцени и притисоци туку владеела со фантомски гласачи, измислени списоци и многу државни пари потрошени за партиска сметка. Без чистење на избирачкиот список граѓаните нема да имаат верба во изборите. А така животот не може да стане подобар, рече Шекеринска.

Шекеринска додаде дека срамната одлука на Уставниот суд е потврда дека во Македонија се случувале серија на изборни кражби.

-Уставниот суд донесе одлука, замислете, со којашто му даваат шанса на Иванов да помилува педофили, продавачи на дрога и луѓе коишто го краделе гласот на македонските граѓани. ВМРО-ДПМНЕ потврди со ваквите одлуки дека правеле изборен криминал, рече Шекеринска.

-Ова што ни се случува никогаш повеќе да не се повтори. Оваа власт не искористи на секој начин. Сиромаштија, невработеност, казни и давачки е дел од нашето секојдневие. Згора на се и децата ни заминаа во туѓина за парче леб, се пожалија жителите.

Зборувајќи за решенијата и мерките од програмата на СДСМ Шекеринска рече дека целта на СДСМ е младите да останат во сопствената држава, но да работат за повисоки, достоинствени плати.

-Акцентот во Програмата на СДСМ го ставивме на решавање на вистинските економски проблеми. Повеќе работни места ама со повисоки плати. Нашата цел е просечната плата да биде над 29 илјади денари за да може семејството да ги покрие основните трошоци, рече Шекеринска.

Заменик претседателката зборуваше и за мерките на СДСМ во здравството и образованието.

-Ќе ги ослободиме граѓаните од болничка партиципација, ќе ги покачиме платите на докторите и медицинскиот персонал за да го спречиме нивното заминување од државата. Во делот на образованието, ќе го укинеме екстерното тестирање но ќе обезбедиме подобри услови за наставниот кадар и учениците, рече Шекеринска

Со заменик претседателката Шекеринска во Пробиштип беше и претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Дејан Павлески.

 

 

 

 

Последни вести