fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се исмева со граѓаните и нивното право на слободен глас

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ повторно ги навреди граѓаните со денешното, најблаго речено, исмевање на уставно загарантираното право на слободен глас.

Денеска, истите оние коишто спроведувале криминални избори и со години го краделе правото на граѓаните слободно да одлучваат, се исмеваат со демократско право, еден човек-еден глас.

Лицемерно, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски создадоа стотици илјади спорни и фантомски гласачи во избирачкиот список а денеска се исмеваат со истиот тој избирачки список.

Срамното однесување на ВМРО-ДПМНЕ го потврди стравот од соочување со одговорноста за криминалното владеење и изборните измами.

Криминалот што Никола Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ го правеле изминате години не може да се покрие со пародии и исмевање на граѓаните.

СДСМ ќе го заштити правото на граѓаните слободно да гласаат.

Нема да дозволи криминалната банда да игра мајтап со граѓаните и нивните права.

На Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ треба да им биде јасно дека ништо нема да ги спаси од одговорност.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Нема бегање од одговорноста а нема бегање ниту од слободни, фер и демократски избори.

Избори со прочистен избирачки список и реформи во медиумите на коишто ќе победи СДСМ, ќе победи слободната волја на граѓаните, ќе победи Македонија.

Скопје, 20.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести