Соопштение за јавност
ЕУ ѝ обезбеди околу 200 милиони евра поддршка на Македонија за владеење на правото и правосудството, а Мицкоски тргна во процес да поставува свои обвинители и судии.
Како ќе реагира ЕУ по толку вложени средства за да ѝ помогне на Македонија на патот на интеграциите? Кога ќе види усвоен закон за правосудство што не е во согласност со препораките на ЕУ и кога ќе види дека Мицковски ги поставува сопругите на своите колеги од ВМРО за судии и обвинители?
Дали ова е патот по кој Македонија ќе оди кон интеграција или кон изолација?
Европската комисија во последниот Извештај за Македонија нотираше сериозни слабости во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и во работењето на Собранието.
Наместо реформи Владата намерно отвора кавги со соседите, за да ја оправда изолацијата и да ги блокира преговорите.
Води анти ЕУ кампања со обвинувања дека Европа е виновна.
Вицепремиерот и прв соработник на Мицкоски, Иван Стоилковиќ на на прослави е со анти-ЕУ пратеници и со „Ноќните волци“ на Путин.
Прославува со министри од кои ги чека судење во соседна Србија, додека Собранието усвојува нови закони, како и Мицкоски во Македонија, за целосна контрола врз судиите и обвинителите. А видовме како реагираше ЕУ.
Дали тоа е патот по кој Македонија сака да оди – да стане Белорусија на Европа, кинеско предградие – или сака да стане членка на европското, демократско семејство?
Високи 71% од граѓаните даваат поддршката за членство во ЕУ што значи дека политиката на изолација на ВМРО оди против волјата на народот.



