Соопштение за јавност
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа, предупреди дека државата се соочува со опасно сценарио креирано од власта. Филипче укажа дека следи економска криза поради недостиг на пари, потоа избори, а на крај реализација на проектот „мигранти за пари“.
„Нема ниту една храбра политика во интерес на државата, во интерес на граѓаните. Информациите за мигрантите потекнаа од британските медиуми и тоа не било какви, туку навистина релевантни, кои што укажаа дека нашата земја преговарала со нивната влада за влез на мигранти во земјата. И тоа е сценариото, да знаете дека тоа ќе се случи. Прво, следи економска криза поради недостаток на пари, па следат избори и на крај проектот „Мигранти за пари”, и тоа е сценариото на оваа власт, ништо друго и ништо поинаку“, рече Филипче.
Во интервјуто, Филипче посочи дека власта имаше можност да ја смири јавноста во однос на темата за мигрантите и да докаже дека не се точни информациите, но тоа не го направи.
„Ако владата сакаше да демантира, имаше две можности, една од можностите ние ги понудивме како конструктивна опозиција, за да се смират граѓаните. За тоа прашање се зборува насекаде, на секое ниво, од улиците, пазарите, маркетите, секаде луѓето зборуваат за тоа, стравуваат од тоа. Што можеше владата направи, а не направи? Прво, да ги демонтира прашањата кои што дојдоа од британските медиуми. Нас тие новинари ни кажаа дека на прашањата владата наша не одговорила. И второ, зашто не ја потпишаа нашата резолуција“, рече Филипче.
Однесувањето на власта како што кажа Филипче, покажува јасен недостаток на искреност и политички континуитет.
„Многу е важно да се види кои и чии политики се искрени и имаат континуитет, а чии политики биле лицемерни. Нивните политики се лицемерни, нашите се конзистентни. Ако тие навистина тогаш кога собирале потписи за мигранти се грижеле за тоа, зашто сега не ја потпишаа нашата резолуција во која што експлицитно стои дека ние не сакаме таканаречен проект „Мигранти за пари”“, рече Филипче.
Линк до видео:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/33664761.html



