Трајановски за Рацин.мк: „Проект 300“ ќе донесе нова енергија во СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во интервју за Рацин.мк зборуваше за активностите на партијата по Конгресот и најавениот „Проект 300“, еден од клучните процеси во зајакнување на партијата и регутација на нови млади луѓе.

„Претседателот Филипче најави дека следи ’Проектот 300‘. Тоа се 300 нови млади членови низ структурите на партијата. Буквално на секое ниво, почнувајќи од општинските. Една нова енергија“, истакна Трајановски.

Тој посочи дека новите членови ќе имаат клучна улога во идното делување на партијата.

„Тие ќе бидат моторот на партијата, двигател. Со голем дел со нив е стапено во контакт. Голем дел од нив се приклонети кон партијата и се пронаоѓаат во тоа што во последно време го најавивме“, рече потпретседателот на СДСМ.

Трајановски потенцираше дека резултатите од „Проект 300“ ќе бидат видливи многу брзо.

„За многу краток период ќе видиме едно многу поенергично делување на Социјалдемократскиот сојуз, буквално на секое поле. Со Проектот 300, млади и нови луѓе да се вклучат на таков начин во работата на партијата, на сите нивоа“, нагласи Трајановски во интервјуто за Рацин.мк.