Дали Кедев се повлече под притисок, за Жан да го клевети претседателот Филипче?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Повлекувањето на Сашко Кедев целосно го разоткрива сценариото за заташкување на најстрашниот скандал во македонското здравство како и злоупотребата за линч врз претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Оставката на Кедев е доставена во Министерството за здравство на 23 јануари.

Само два дена претходно, на 21 јануари, Обвинителството отвора предмет, наводно „по допрен глас“, врз основа на клеветничките изјави на Жан Митрев против претседателот Филипче.

Министерот за здравство ја крие оставката на Кедев од јавноста и тврди дека таа не е пристигната во Министерството.

Два и пол месеци поминаа од објавата на најголемиот скандал во македонското здравство – сомнежите за масовни непотребни операции на срце.

Два и пол месеци потоа, нема никаква одговорност. Нема кривични пријави, нема јавно објавени имиња на инволвираните лекари, нема информации за приватните клиники каде се вршеле овие интервенции.

Два и пол месеци молк. Два и пол месеци заташкување.

И потоа, Жан Митрев излегува со клевети кон Филипче на Алфа ТВ.

Неколку дена подоцна, Обвинителството експресно отвора предмет. Само два дена потоа, Кедев се повлекува од Советот.

Случајност? Не. Ова е јасна, координирана операција.

Клучното прашање е: дали клеветите против Филипче беа пласирани со една единствена цел да се заташка скандалот со непотребните операции и да се спаси Жан Митрев?

Останува и прашањето: каде е Жан Митрев? Зошто не отиде во Обвинителството?