Соопштение за јавност
„Дали 5 тони дрога се доволни за Обвинителството конечно да реагира? Ќе покрене ли истрага за овој случај или повторно гласот не допира за скандалите и криминалот на власта?“, истакна генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција.
Во Србија е запленета огромна количина од 5 тони дрога, која дошла преку Македонија, а меѓу уапсените има и ко-сопственик на македонска фирма. За овој огромен, криминален, картелски скандал мора да има одговорност.
„ Клучното прашање на кое власта мора веднаш да одговори е: како 5 тони дрога поминале преку македонската граница? Кој дозволил 5 тони дрога да се прошверцува. Без поддршка и заштита од структури во власта, криминал од вакви размери не може да се случи. Ова не е инцидент – ова е систем. Како е можно во држава со Сејф Сити, со камери и скенери на граничните премини да поминат 5 тони дрога? Или ова е толку добро организирана картелска мрежа поврзана со сè и никој ништо не ѝ може?“, потенцираше Димитријевиќ.
Тој посочи дека институциите мора да излезат пред јавноста и да сносат одговорност за овој скандал.
„Не може институциите да молчат. Нека излезат пред граѓаните и нека кажат кој ќе понесе одговорност. Одговорност ќе има, кога – тогаш. Работата не е завршена. Сите ќе одговарате“, рече Димитријевиќ.


