Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор
Имајќи ја предвид тешката економска положба на работниците, намалениот животен стандард и барањата на синдикатите, СДСМ поднесе закон за зголемување на минималната плата на 600 евра.
И наместо да ги покачи платите на работниците и да обезбеди пари, ВМРО тргна во медиумски напади врз СДСМ, а потоа и врз синдикатите.
Владата вели за работниците „нема пари“. Но има пари за криминални тендери, има пари да се планира купување нов владин авион и туристички патувања, како оние во Давос, со државни пари.
Затоа веднаш се стави во погон партиската говорница на ВМРО и медиумските кујни под контрола на Орбан.
Секојдневно се напаѓа СДСМ.
Вистината е тешка за власта. СДСМ беше конструктивна, СДСМ поднесе закон неколкупати за покачување на платите, за стандардот на граѓаните, за минималната плата. Власта одби.
ВМРО и Мицкоски си поигруваат со достоинството на работниците. ВМРО тера црна кампања, Мицкоски јавно се шегува, им поставува услови, им дели задачи, им порачува кого „ќе чекал во четврток“.
Ова е ароганција кон оние што едвај врзуваат крај со крај.
Наместо да ги напаѓа работниците и СДСМ, Владата треба да обезбеди пари за поголеми плати.
Доволно е да се откаже од криминалните тендери и ете ги парите.
600 евра минимална плата не е луксуз – тоа е минимум за достоинствен живот.


