Соопштение за јавност
Како во мафијашки филм, Македонија ја тресе огромен картелски скандал до 5 тони дрога, излегуваат слики на Мицкоски во друштв со криминалци, видео како Симе пука од автоматска пушка калашников, фрчат криминални тендери…
И додека ова се случува нема одговори за главните прашања.
Како 5 тони дрога поминале граница, кој е замешан, кој ќе одговара?
Со денови нема одговори ниту на прашањата за поврзаноста на Симе криминалец уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари кој има албум со слики со Мицкоски.
Свиркачи до СДСМ доставија и видео на кое се гледа како Симе пука со калашников и повторно нема никаква реакција на ниту една институција.
Зошто сите молчат за Симе? Кој го штити?
Со кои други функционери од ВМРО има релации криминалецот Симе?
Дали е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?
Кој е Перо со прекар Смрт?
Дали поради ова се штити Симе и нема одговор на ниту едно прашање?



