ВМРО како фирма со еден газда – Мицкоски ги отстрани сите потпретседатели

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски направи уште еден авторитарен чекор во ВМРО. Ги отстрани сите потпретседатели. Муцунски, Николовски, Мисајловски, Кочовска, сите се отстранети.

Мицкоски си воспостави бизнис модел сам да си владее со партијата. Исто како што сака да си владее со Македонија.

Се е поставено. Наместо реформи ВМРО денеска функционира како приватна фирма на еден газда каде сè е приватен бизнис и заштита на тој приватен бизнис.

Затоа со отстранувањето на потпретседателите се поставени двајца најблиски соработници на Мицкоски, едниот задолжен само за организација на тендери а другиот за соработка со служби.

Во ВМРО секогаш, сè се врти само околу еден човек.

Порано тоа беше Груевски, сега е Мицкоски, се пренесува од колено на колено.