fbpx

Оние коишто ја срушија правдата се вистинските виновници за палење на Уставот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Оние коишто ги уништија законот и уставот се вистинските виновници за рушење и палење на уставот.

Вистинските виновници се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината за Македонија покажа со какви се методи се служеле Никола Груевски и фамилијата.

Вистината за Македонија покажа како Груевски и фамилијата преку своите партиски послушници инсталирани во судството, се изживувале врз човечки судбини, менувале закони, неправедно местеле луѓе по затвори и перверзии, планирале семејства во ендек, рушеле милионски инвестиции и уживале во глетката, оставале пензионери да се качуваат и слегуваат во висококатници пешки, кога ги краделе изборите.

Срамната одлука на Уставниот суд не е ништо друго освен класична злоупотреба на партиските инсталации во судството, со надеж дека Груевски ќе се спаси од одговорноста, дека ќе ја спаси сопствената кожа.

Политиката на Никола Груевски и фамилијата е одлика на криминал, корупција, беззаконие, како и на предизвикување на вештачки судир се со цел по секоја цена да се остане на власт.

Масовниот одѕив на граѓаните на вчерашниот марш во одбрана на Уставот уште еднаш ја потврди граѓанската свест и граѓанската истрајност во борбата за слобода, демократија и европски вредности.

Таа борба СДСМ ја продолжува заедно со граѓаните.

На Никола Груевски и злосторничкото здружение треба да им биде јасно дека ништо не може да ги спаси од одговорност за сторениот криминал.

Секој којшто го прекршил законот ќе одговара!

Скопје, 16.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести