Прес конференција на СДСМ, Симона Цветеновски, Членка на Извршниот одбор
Почитувани,
Додека институциите не мрдаат со прст за криминалните тендери на ВМРО-ОКГ граѓаните гледаат црна кампања со напади врз предметите на СЈО.
Ова е дел од политичката операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок во земјава.
Клучниот чекор во оваа операција е систематскиот напад врз Специјално јавно обвинителство и врз пресудите што произлегоа од неговата работа.
Целта е јасна: дискредитација на предметите односно релативизирање на пресудите кои произлегоа од овие предмети и подготовка на терен за нивно поништување.
Обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и бегалецот од правдата, Никола Груевски, да се претстави како жртва.
Истовремено, се носат решенија во правосудството спротивни на европските препораки, се презема целосна контрола врз судството и обвинителството.
Власта избира нов јавен обвинител, сопруга на градоначалник на ВМРО назначи за член на Судски совет, советник на Мицкоски се предлага за во Уставниот суд.
Обвинителството се злоупотребува и за вршење притисок, секогаш кога нешто не и одговара на власта јавно го повикуваат токму обвинителството.
Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на „газдата“.
Ова е директен напад врз владеењето на правото, врз правдата и врз европската перспектива на државата.


