Изјава за медиуми, Јована Тренчевска – пратеничка и потпретседателка на СДСМ
Денеска конечно Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалцијата се најде на дневен ред на Собранието.
Овој закон е реален одговор на барањата на синдикатите и работниците, за 600 евра минимална плата.
Сведоци сме дека за достинствен живот работниците се приморани да протестираат на улиците. Поради тоа што нивната мака е тешкото секојдневие, не можат да ги платат сметките и да обезбедат храната за своите семејства.
Сега, откако премиерот Мицкоски јавно се откажа од намерата за купување нов владин авион, еве шанса тие пари, милиони евра да се пренасочат за обезбедување на 600 евра минимална плата за работниците.
Нема оправдување сега дека нема пари…штом биле планирани пари за нов авион, а еве слушнавме дека нема да се купува, дополнително ги имате и ставките од Буџетот кои пратеничката група на СДСМ ги предложи за обезбедување на пари за зголемува на минималната плата, значи пари има.
СДСМ ги повикува сите пратениците, особено од владејчкото мнозинство, да дадат поддршка на законот и да се изгласа.
Работниците заслужуваат да им е ценет трудот, заслужуваат повисока минимална плата, а ние како народни избраници тоа им го го должиме да го обезбедиме.
Без изговори, без калкулации. Да се укине луксузот на власта а работниците да добијат плати какви што заслужуваат.


