Ако сè е по прописи, Владата нека објави документ кој се возел со авионот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Бидејќи граѓаните плаќаат за авионот, летањата и патувањата на Мицкоски, јавноста заслужува одговор:

Кој сè летал со владиниот авион на товар на граѓаните?

Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата тоа да го докаже и да го објави списокот на патници.

Изгледа дека Мицко многу внимателно учи од својата сестринска партија СНС.

Целата кампања му е copy-paste, се копираат наративи, стратегии, контрола врз медиумите и методи на дефокус.

Дури и дрогата од 5 тони ја однесоа до Србија.

Но, изгледа дека и користењето на владиниот авион за патување на море сака да го следи.

Како што Мицкоски јавно потврди дека го користеле владиниот авион од Сплит на Јадранско Море, така и Милош Вучевиќ, поранешниот претседател на СНС и премиер на Србија, оди на море со државен авион.

Вучиќ исто така сакаше нов авион и замалку ќе го купеше, па Мицкоски очигледно брзал да го следи. Па зарем во се мора да го копира?

Иста матрица.

Граѓаните да плаќаат, тие да уживаат.

Додека нема пари за плати, нема пари за 600 евра минимална плата, се кратат 3 милиони евра од пациентите со ретки болести, се кратат 40 милиони евра од земјоделците.

Генералната декларација (General Declaration) е задолжителен документ во меѓународната авијација што се доставува за да се идентификува воздухопловот, неговиот екипаж и патниците и мора да се приложи за секој меѓународен лет.

Еве, Владата нека ги објави документите, за да видат граѓаните кој се патувал со владиниот авион и колку тоа ги чинело.

Објавете, доста се криете зад партиски соопштенија и спинови, како и за мигрантите, криминалните тендери, 5 тони марихуана за кои бегате од одговори.