Извештајот на Вајц е нова потврда: Власта ја турка Македонија во изолација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Извештајот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајс, е уште потврда на она што СДСМ со месеци го говори: Македонија е заглавена, реформи нема, процесот на пристапување кон ЕУ е сопрен, власта ја турка земјата во изолација.

„Процесот на пристапување е сопрен“ ова не е оценка на опозицијата, туку официјален став од овој извештај.

Во документот јасно се наведува дека нема напредокот во владеењето на правото, правосудните реформи и борбата против корупцијата.

Пораката од Брисел е јасна: проширувањето може да се забрза, но само ако има вистински реформи и владеење на правото.

Со владата на Мицкоски Македонија денес нема ниту едното ниту другото.

Корупцијата и криминалот цветаат, секојдневно сме сведоци на криминални тендери.

161 тендер за една фрима, 51 тендер преку општините за друга фирма, 74 тендери за трета, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, тендер 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

57 дена поминаа а Обвинителството и ДКСК молчат и не преземаат ништо.

Портпаролката на Владата, Марија Митева, потврди дека Мицкоски управува со судовите со јавно изнесување информации од судски процес кој се уште трае.

Мицковски си поставува судии и обвинители под негова контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, сега советник на Мицкоски во Уставниот суд.

Се носат закони за правосудство кои не е во согласност со препораките на ЕУ.

Наместо реформи Владата намерно отвора кавги со соседите, за да ја оправда изолацијата и да ги блокира преговорите.

Води анти ЕУ кампања со обвинувања дека Европа е виновна.

Високи 71% од граѓаните даваат поддршката за членство во ЕУ што значи дека политиката на изолација на ВМРО оди против волјата на народот.