Соопштение за јавност
Дали граѓаните забележаа дека кога нема одговор за скандалите, ВМРО-ОКГ веднаш тргнува во акција со правење лажни вести и измислени афери?
Повторно Зоран Заев?! Човекот пет години е во политичка пензија. Што повеќе да се каже?!
Секое соопштение и изјава ги почнуваат вака:
„Панична и хистерична реакција на СДСМ“.
Секој пат исто. Кај кого е паниката? Кај СДСМ или кај ВМРО-ОКГ?
ВМРО-ОКГ во јавноста се претставува како да е опозиција.
Кога нема одговор на пишувањата на светските медиуми за мигрантите – исмиселна афера со др Жан.
Кога нема одговор за тоа што нема пари во буџетот (зашто се делат тендери како томбола) измислена афера за Дубаи и зграда од 42 спрата.
Кога нема одговор за криминалните тендери – измислена афера за модуларната болница бе никаков срам за семејствата на жртвите.
Кога нема одговор за сликите со криминалецот Симе – измислена афера за фирми кои произведуваат канабис.
Дубаи, златни визи, згради од 42 ката, Харис Џиновиќ, скокови во далечина, Венеција, Сент Мориц… д-р Жан, модуларна болница, сега авионот го користел Заев.
И така во недоглед. Дали граѓаните се свесни дека сето ова е само за два месеца?!
На ова и најголемите таблоиди во светот би позавиделе. Толку фантазија нема никој.
Премиерот навистина е само уредник на жолт печат, затоа и е ваква состојбата во државата.
Вистината не можете да ја победите со лаги и со вашите медиуми.
Правдата ќе победи!



