Соопштение за јавност
Портпаролката на Владата на Мицкоски, Марија Митева, ја потврди владината контрола врз правосудство.
Владата има податоци за судскиот процес на Андреј Жерновски којшто се уште не е завршен (Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=Ppfg88Pt4v0 ).
Не само што владата има информации, владата очигледно ги диктира пресудите. Како инаку би имала информации од судски процес во тек?
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител, сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд.
Додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат.
За што им служи ова?
За заплашување. Постојано се закануваат со обвинителство, со тужби, пресуди, нам секојдневно… сега им се закануваат и на синдикатите.
Заплашувањето е модел за пресметка со и против опозицијата.
Покрај сето ова, и безбедносните служби се користат за следење на сите неистомисленици. Тоа СДСМ најдобро го знае, а сега го знаат и луѓето од синдикатите.
Служби за безбедност, обвинителство, судство, медиуми. Каде го има ова? Па во ВМРО.
Исто како во времето на Груевски кого сега сакаат да го вратат. Затоа и владиниот авион најчесто летал во Будимпешта.


