Соопштение за јавност
Никола Груевски е уплашен. Следува одговорност за изборниот грабеж што го правел тој и неговите најблиски соработници.
Акциите што денеска се спроведуваат во Струмица, на барање на партиските структури на Никола Груевски во Основното јавно обвинителство се предводени од баџанакот на Сашо Мијалков, Јован Илиевски.
Никола Груевски, творецот и реализаторот на изборните грабежи во Македонија, неуспешно се обидува да избега од изборниот криминал што го правел заедно со неговите соработници.
Извршените претреси во Струмица, во Кабинетот на градоначалникот, воедно и претседател на СДСМ, Зоран Заев, се уште еден неуспешен обид за притисок.
Ниту еден притисок креиран и спроведен од партиските структури во Основното јавно обвинителството под контрола на Јован Илиевски нема да успее.
Борбата против криминалот на Никола Груевски и неговите соработници започна и ништо не може да ја спречи.
Секој што го прекршил законот ќе одговара.
Нема да успеат сценаријата, со партиски нарачки да се тргне вниманието на јавноста од криминалот на Никола Груевски, изборниот грабеж и срамните одлуки на Уставниот суд коишто треба да се пласираат преку режимските медиуми.
Промените доаѓаат на слободни, фер и демократски избори на коишто ќе победи правдата, вистината и европска Македонија.
Скопје, 03.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА