Соопштение за јавност
ВМРО-ОКГ нема одговори за бизнис шемите во енергетиката на Христијан Мицкоски, немаат мерки за намалување на цените ама се занимаваат со Шилегов.
Е тоа е дефокус.
Организирана кампања за дефокус од страна на ВМРО-ОКГ во 40% од медиумите во сопственост на Орбан.
Повторно истиот сценарио – Алфа ТВ тера кампања за Шилегов, „бетмени“ и останати ВМРО херои..
Ете денеска доби и портпарол, Бране Петруешвски.
Нема одговори ама затоа фабрикуваат вести.
Ете, граѓаните да знаат кој е виновен за цените на горивата и струјата.
Кому уште не му е јасно?
Сето ова служи само за дефокус – граѓаните да се занимаваат со Шилегов, а не со бизнис шемите.
Граѓаните не се ниту слепи ниту глуви.
Резултатот на изборите беше слаб, затоа што ваквите како Шилегов работеа за ВМРО. Јавно го призна тоа на телевизија.
И таа „платформа“ што ја промовираше е смислена од ВМРО за одвнатре да се руши СДСМ.
Ама од тоа нема да има ништо.
Во СДСМ имаме договор, а до ВМРО имаме ветување – сите ќе одговарате.



