Филипче: Да имаше корупција кај мене – одамна ќе бев осуден

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ако имало корупција кај мене и во мојата професија, одамна ќе бев осуден, ама немало, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма. Филипче посочи дека СДСМ со сите расположливи механизми ќе се бори против корупцијата и криминалните дејствија на власта.

„Ако кај било кој има корупција, вклучувајќи и кај мене, јас ќе сум бил одамна осуден, ама немало корупција во мојата работа на ниту едно ниво, ниту како доктор, ниту како владин функционер. И затоа ќе се борам, затоа што јас знам и верувам дека може да не биде“, истакна Филипче.

Во интервјуто, Филипче порача дека борбата против корупцијата мора да биде сеопфатна и на сите нивоа.

„Ќе се бориме со искрена и чесна работа да ја сузбиеме корупцијата на секое ниво, од високата корупција до таа на најниско ниво. Затоа што нашиот народ сега е научен дека треба да подмити за да нешто се заврши. Тоа ние мораме да го искорениме, има механизми како“, рече Филипче.