Филипче: Крај на партиските фирми – политичарите надвор од државните енергетски компании

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ги тргаме политичарите од енергетските компании, со струјата ќе управуваат врвни професионалци, а не партиски послушници кои ги трошат народните пари, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, презентирајќи го столбот „Енергетска автономија“, од новата предлог програма на СДСМ. Филипче укажа дека енергетиката во државата е жртва на прекумерна политизација.

„Наместо енергетиката да биде прашање на национален суверенитет, државните компании се жртва на прекумерна политизација и партиско кадрирање. Наместо енергетиката да биде прашање на национален суверенитет, државните компании се жртва на прекумерна политизација и партиско кадрирање. Крај на партиските фирми, ги тргаме политичарите од енергетските компании, со струјата ќе управуваат врвни професионалци, а не партиски послушници кои ги трошат народните пари. Обезбедуваме енергетска каса, приклучок веднаш и Македонија сопствен газда на сопствената енергија“, рече Филипче.

Тој укажа дека енергетската зависност е сериозен проблем, што ја прави државата ранлива на надворешни геополитички влијанија и најави дека во новата предлог програма СДСМ предвидува мерки за зголемување на домашното производство на енергија.

„Енергетската зависност на земјава е сериозен проблем кој не удира по џебот сите, без исклучок. Ние сме заложници на скапиот увоз на енергенси што ја прави државата исклучително ранлива на надворешни геополитички влијанија и ненадејни ценовни шокови. Ќе обезбедиме енергетски суверенитет, но и зелена правда, бидејќи вистинската автономија на една земја доаѓа само преку сопствено и паметно производство на енергија -панели на секоја државна зграда и високи субвенции за секој дом“, рече Филипче.