Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски ги предаде македонските нациолни интереси и стратешката определба на Македонија да биде дел од Европа, намерно туркајќи ја во изолација.
Додека цела Европа јасно се противи на политиките на Орбан – симбол на корупција, авторитарност и блискост со анти-ЕУ и проруски интереси – Мицкоски јавно застанува во негова одбрана.
Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности и иднината на граѓаните.
Европските лидери го критикуваат Орбан за блокади, корупција, за рушење на европските вредности и за ставање лични и бизнис интереси пред интересите на граѓаните, Мицкоски го нарекува „бранител на Европа“.
Ова е истата политика, истата матрица на владеење којашто Мицкоски ја спроведува дома.
Корупција на сите нивоа. Анти ЕУ кампањи. Бизнис интереси и тендерски мрежи. Поделби на општеството. Гушење на слободата и преземање контрола над медиумите.
Кога Мицкоски вели дека треба да чекаме децении, мисли како да продолжи корупцијата, криминалот, бизнисте а Македонија да биде надвор од ЕУ, црна дупка на Балканот во скутот на странските и руски интереси.
Ова е распродажба на државата, грабеж и предавство на македонските нациолни интереси.
СДСМ и коалицијата ќе се спротивстават на овие намери на Мицкоски. Македонија нема да биде заложник на туѓи политики и туѓи интереси.
