Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ призна дека поради промашените економски политики на Груевски и Ставрески, ниту една домашна фирма не стапнала како инвеститор во ТИРЗ досега.
Никола Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ 10 години им даваат на домашните претпријатија срамни 120 денари државна помош, годишно!
ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го оправда ова беобразие кон домашните претпријатија со уште поголемо безобразие, рамниот данок што го воведоа за фамилијата.
10 проценти данок плаќаат и малите дуќанчиња кои заработуваат само за леб, и милионските рајски фирми на Груевски, Мијалков и братучедско-кумската власт.
10.000 домашни фирми се затворени.
Секоја трета фирма е со блокирана сметка.
Работат само бизнисите на фамилијата.
И работат виртуелните инвестиции на Груевски, додека да ги лапнат парите на граѓаните од државната помош што им ја дели власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Потоа заминуваат оставајќи им милионски долгови на домашните фирми.
Единица мерка за успех на ТИРЗ зоните на Груевски се празни ливади и депонии.
Индустриската зона во Делчево, ТИРЗ Берово, ТИРЗ Гевгелија (локалитет Прдејци), индустриската зона во Неготино, индустриската зона Опаленик се празни ливади.
Индустриската зона Мауцкер во Охрид е депонија.
Груевски и Ставрески треба да им ги платат долговите на оштетените домашни фирми од нивните виртуелни инвестиции.
Груевски и Ставрески 10 години ги потценуваат домашните претпријатија.
Груевски замина. Ќе замине и ВМРО-ДПМНЕ.
Новата одговорна власт што ќе добие чест да ја води СДСМ ќе ја зголеми државната помош за домашните претпријатија до 50 милиони евра.
Ќе создадеме еднакви услови за домашните и странските инвеститори и ќе ја вратиме економската стабилност на граѓаните, семејствата и државата.
Скопје, 18.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА