fbpx

Груевски и Тодоров се главните виновници за хаосот во здравтството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ е во толку голема паника што почна да меша прес конференција со соопштение.

Јавноста, граѓаните, денеска ја видоа вистината за руинираната амбуланта во Ѓорче Петров. Тоа не може да се демантира со празно соопштение, за тоа се понесува одговорност.

Никола Груевски и Никола Тодоров се главните виновници за хаосот во здравството и нефункционирањето на системот на здравствена заштита.

Затоа амбулантата во Ѓорче Петров е руинирана, затоа граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, затоа лекарите работата во нехумани, нечовeчки услови и се под постојан страв по нивната безбедност.

Според релевантните меѓународни истражувања Македонија се наоѓа на последно место во Европа по здравствени услуги, а на прво место како држава во која најстресно се живее.

Со 630 милиони евра за споменици ќе се решеа сите проблеми во здравството.

Корупцијата и криминалот на власта во заминување е на директна штета на здравјето на граѓаните.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на проблемите во здравството, во интерес на граѓаните.

 

Скопје, 18.02.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести