Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ и дополнителен министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски придружуван од Мила Царовска, денеска беше помеѓу граѓаните на Браилово, Десово и Дреновци, општина Долнени.
Граѓаните изразија разочараност од политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и побараа достоинствен живот за граѓаните од овој крај по промените коишто сите ги очекуваат.
Овие места одамна се заборавени од оваа власт. Нашите деца заминуваат и ние остануваме сами да се бориме за гола егзистенција. Субвенциите не се исплаќаат и доцнат. Ништо од она што ветија не реализираа, истакнаа граѓаните.
Откако СДСМ ќе ја превземе одговорноста да ја води државата по победата на следните фер и демократски избори субвенциите ќе бидат зголемени за 160 милиони евра. Земјоделците навремено ќе ги добиваат субвенциите кога им се најпотребни. Ќе направиме ревизија на земјоделското земјиште и ќе биде вратено во рацете на вистинските земјоделци, рече Кирацовски.
Граѓаните се пожалија на проблемите со коишто секојдневно се соочуваат поради хаосот во здравството и лошите здравствени услуги.
Здравството е урнисано поради криминалните политика на Никола Груевски и Никола Тодоров. Македонија е на последното место во Европа по здравствени услуги. Корупцијата и криминалот на власта во заминување е на директна штета на здравјето на граѓаните, истакна Кирацовски.
На средбите стана збор и за актуелната политичка ситуација во Македонија.
Груевски 6-ти ден молчи за злосторничкото здружување и која била неговата улога. И самиот е свесен дека правдата на крајот ќе победи. Промените се случуваат и од тоа бегање нема. Заедно ќе изградиме држава на благосостојба, достоинствена и европска Македонија, рече Кирацовски.