fbpx

Мирчевски во Брвеница: СДСМ ќе обезбеди бесплатно здравство, достапно за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска, помеѓу граѓаните на Брвеница, Челопек и Милетино, беа членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Пеце Мирчевски и Дарко Давитковски.

Граѓаните се пожалијa на тешките услови за живот, сиромаштијата, невработеноста, но и на хаосот во здравството.

Не затрупаа со административни давачки, плаќаме а не ја добиваме потребната здравствена услуга и нега, рече еден од граѓаните во Брвеница.

Здравствениот систем во Македонија целосно е срушен. Никола Тодоров и Никола Груевски направија болниците да не личат на места каде што се лекуваат пациенти. Граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, а лекарите немаат соодветни услови за работа. Затоа потребна е сериозна промена во здравствениот систем, рече Мирчевски.

За Никола Груевски и фамилијата приоритет овие 10 години беа провизиите од спомениците тешки 630 милиони евра, а не јавното здравство. За Груевски поважни беа барокните тендери а не здравјето на граѓаните. Тоа мора да се промени. СДСМ ќе инвестира во приоритетите за решавање на проблемите на граѓаните во здравството. Ќе обезбедиме бесплатно и достапно јавно здравство за сите, додаде Мирчевски.

Во Македонија мора да се обезбедат услови за фер, слободни и демократски избори. Тоа е императивот на Договорот од Пржино. Никола Груевски и фамилијата се плашат од слободно изразената волја на граѓаните на избори, затоа што на такви избори Груевски ќе стане минато, дециден беше Мирчевски.

 

 

Последни вести