Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Денеска бевме во посета на Повардарието, во с. Криволак, разговаравме со земјоделци, лозари, производители на житарици и можам да констатирам дека ситуацијата е навистина алармантна.
Во оваа временска ситуација кога растат цените на нафтата, земјоделците се соочуваат со сериозни предизвици.

Прво, по прашање на нивната егзистенција, како земјоделци и семејствата кои што преку земјоделството ги издржуваат. И второ, мора да знаеме дека може да се соочиме со сериозен недостаток поради сета оваа криза и негрижата на власта за овој сектор и недостаток на производство на одредени земјоделски култури, посебно житарици, што значи дека во следниот период може да се соочуваме со дополнителен раст на цената на лебот до крајот на годината.
Имено, никој не води грижа за наводнувањето, каналите не се исчистени, никој не води грижа за откупните центри кои што ги уценуваат со ниски цени земјоделците, а потоа тоа им е услов да добијат некакви субвенции.

Ниска субвенција, ниска откупна цена на килограм произведено грозје. Сега нема никаква најава дека црните грозја, од сортите на црните грозја, ќе се откупуваат. Ниска субвенција и неисплатена за сточарите, висока производна цена поради висока цена на работната рака, водата, ѓубривата, сѐ на се сметам дека оваа ситуација треба да биде сериозен аларм.

Ако згора на тоа ставиме дека ги нема дополнителните пари преку ИПАРД програмата, поради тоа што од власта Европа ги фати како тие пари ги крадат, брутално, од џебот на земјоделецот. Ние во следниот период, имајќи предвид нивните барања ќе предложиме неколку предлог закони, како што тоа го направивме лани, што за жал власта го одбија тоа беше зголемена откупна цена по килограм грозје.

Искрено се надевам иако не верувам, дека од оваа власт ќе наидеме на разбирање и дека ќе се обезбеди некаква помош за земјоделците.