fbpx

Криминалот и корупцијата на власта во заминување на штета на здравјето на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните во Македонија во континуитет дишат загаден воздух, полн со канцерогени ПМ10 честички, штетен по нивното здравје.

Податоците од мерните станици покажуваат загадување на воздухот и во вечерните и во утринските часови.

Според последните податоци, загадувањето на воздухот во Скопје како и вчера изнесува речиси 5 пати над дозволената граница, во Велес 7 пати, додека воздухот во Тетово и Кочани изнесува 4, односно 2 пати повеќе ПМ10 канцерогени честички од дозволеното.

И покрај реакциите од граѓаните на цела Македонија, ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот, додека пак медиумските курири го кријат овој сериозен проблем штитејќи ги нивните криминални фамилијарно-тендерски политики.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а граѓаните на Македонија дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички.

Наместо за полнење на џебовите на фамилијата, парите можеше да се инвестираат во заштита на животната средина за граѓаните на Македонија да не дишат загаден воздух.

Криминалните политики на Никола Груевски им одземаа 10 години живот на граѓаните.

Кога СДСМ ќе ја превземе одговорноста, ќе го сопре криминалот и корупцијата и граѓаните во Македонија, конечно, после долги години повторно ќе дишат чист воздух.

Скопје, 15.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести