Прес конференција на СДСМ, Панче Милевски – Панта, Комисија за спорт
Каде завршуваат парите на граѓаните во спортот? Министерот за спорт Борко Ристовски мора да излезе пред граѓаните и да одговори.
Распределбата на државните субвенции за 2026 година во спортот е скандалозна и отвора сериозни сомнежи за можни злоупотреби, селективност и корупција.
Нема сегмент во државата кој го контрлира ВМРО-ОКГ и каде не постојат сомнежи за корупција.
Трета година по ред, Министерството не објавува листа на корисници, критериуми ниту методологија. Како е можно некој да добива пари а да не нема информација врз основа на што?
Кога свесно се кријат информации од јавноста тоа е веднаш упатува на сериозни сомнежи.
Ристовски направил скандалозна и нелогична распределба на парите.
На пример, во категоријата индивидуални олимписки спортови, највисок износ на спортски субвенции добил спортски клуб од спортско качување, втор највисок износ е од триатлон а трет е од бадминтон. А спортовите со континуирани меѓународни резултати и олимписки настапи – како теквондо, атлетика, борење и скијање – се ПОМАЛКУ вреднувани.
Дополнително, особено индикативен е случајот во кој клуб кој е седмопласиран во ракомет и настапува во плеј-аут фаза добива поголема финансиска поддршка од шампион во кошарка кој учествува на меѓународни натпреварувања.
Ова е скандал со парите на народот.
Клубови без значајни резултати добиваат високи суми на пари. Олимписки спортови со докажани успеси се маргинализирани. Седмопласиран ракометен клуб добива повеќе од шампион во кошарка со меѓународни настапи.
Дали причината се кумовските релации на Борко Ристовски и дали тие се поважни од критериумите кои ги заслужуваат спортистите.
Дополнително, ваквиот пристап претставува директна дискриминација на спортските клубови кои со години вложуваат труд, постигнуваат резултати и ја претставуваат државата на меѓународна сцена. Наместо поддршка, тие се казнети.
Очигледно се фаворизираат партиски блиски и клубови блиски до Ристевски и ВМРО.
СДСМ јавно бара:
• Итно објавување на сите исплати по клубови и спортови како и врз основа на кои критериуми добиле пари.
• Државниот завод за ревизија да спроведе ревизија за последните две години на финаниското работење на Ристовски.
• Државна комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет за утврдување судир на интереси.
Незаконско работење, злоупотреба на јавни средства и фаворизирање не смее да се дозволи.
Одговорност мора да има. Спортот не смее да биде приватна каса на ВМРО-ОКГ ниту на Ристовски.



