Соопштение за јавност
„СДСМ бара целосна истрага на сите бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски. Антикорупцискиот тим на партијата веќе интензивно работи на откривање на сите криминално коруптивни дејства на режимот на тендер коалицијата ВМРО организираната криминална група заедно со ЗНAМ, на чело со Христијан Мицкоски. Доаѓа време за вистина, за правда и за одговорност, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Филипче обвини дека постојат сериозни индиции за политичко-бизнис поврзаности кои, како што рече, мора детално институционално да се истражат.
„Владата на Христијан Мицкоски ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан. Не за државата, туку за свои лични бизнис интереси. Македонија веќе со години е во медиумски мрак поради медиумите контролирани од Орбан, со кои директно управува ВМРО. Резултатот политичка алатка на Мицкоски и ВМРО за лажни вести, измислени афери, деноноќни напади против СДСМ и мене лично. Орбановата компанија 4iG доби лиценца за мобилен оператор во Македонија. Со оваа лиценца влегува во 5G мрежата и добива можност да поврзат медиуми, платформи и инфраструктура во една единствена контрола. Преку тајни договори посредници Орбановиот круг имаше влијание и во енергетскиот сектор и во железницата. Во финансиите, една милијарда евра, под таканаречени пријателски услови, коишто ќе ги отплаќаат нашите внуци.“, обвини Филипче.
Сите овие договори мора да бидат детално истражени. Граѓаните на Македонија мора да знаат кој точно стои зад медиумите, телекомуникациите, кредитите, инфраструктурата и сите одлуки што се носени во нивно име. СДСМ, ќе инсистира на целосна институционална постапка и утврдување на одговорност.


