Соопштение за јавност
Вечерва сите граѓани во Република Македонија се уверија како работат режимските медиуми, како изгледа гостување во режимска телевизија уредувана од страна на Груевски и неговите платеници.
Доминирањето на некултурата, вулгарностите, говорот на омраза кон оние што мислат слободно и различно, говорот на омраза кон припадниците на другите националности, уште еднаш покажува колку е далеку денес Македонија од демократските и европски вредности.
Со промена на власта и заминувањето на Никола Груевски во историјата, граѓаните можат да очекуваат слободни медиуми, дебата, различни мислења што нема да бидат задушени, кадешто лагите нема да бидат медиумска алатка и кадешто ќе доминираат вистинските вредности на една демократска, современа и европска земја.
Сите слободномислечки и професионални припадници на новинарската професија и новинарските здруженија не смеат да останат неми туку да застанат во заштита на професионалното и објективно информирање во корист на граѓаните на Македонија.
Ова е уште еден доказ зошто е потребна слобода на медиумите, зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор и зошто СДСМ инсистира на професионално и избалансирано известување на медиумите.
Скопје, 10.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА