Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е во толку голема паника што прво си нарачува анкети па потоа ги брани лажните рејтинзи во коишто никој не верува преку празни соопштенија.
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да го променат јавното мислење и перцепцијата на граѓаните со нарачани и нереални анкети.
Граѓаните знаат какво е нивното мислење, а тоа е стоп за криминалот и корупцијата на Никола Груевски и фамилијата, крај на лошата економска, социјална, образовна и здравствена политика, стоп за иселувањето на младите и осиромашувањето на граѓаните.
Ниедна нарачана анкета нема да го спаси Никола Груевски од пораз и одговорност за целокупниот криминал и корупција во изминатите 10 години.
Никола Груевски ќе ја види вистинската анкета на изборите коишто ќе бидат фер, слободни и демократски.
Скопје, 10.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА