Писмена реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за загадувањето
Наместо да одговорат на прашањето зошто не презимаат ништо за намалување на загаденоста на воздухот, ВМРО-ДПМНЕ не води никаква грижа за здравјето на граѓаните.
Зборуваат за некакви измислени хемиски испитувања, за мерки и анализи, а она што е факт е дека граѓаните дишат отровен воздух и тоа неколку пати над дозволеното количество на штетни честички.
Извештаите на Светска банка посочуваат дека поради огромната изложеност на граѓаните во Македонија на загаден воздух и канцерогени честички годишно има 1.350 смртни случаи.
Тоа за ВМРО-ДПМНЕ не е важно, ниту пак е вредно да се земе во предвид.
Единствено важно за нив се тендерите, парцелите, провизиите од потрошените 630 милиони евра за споменици.
ВМРО-ДПМНЕ им одзема 10 години живот на граѓаните, потроши 630 милиони евра за споменици а ништо не превзема за да се реши проблемот со загадувањето. Покрај хаосот во здравството, што го создаде
Никола Тодоров, загадениот воздух е дополнителна закана за здравјето на граѓаните.
Граѓаните знаат дека загадувањето на воздухот е последица на погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ.