fbpx

Полесно до sdsm.org.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn

Полесно до sdsm.org.mk

Од денес побрзо и полесно можете да дојдете до информациите на www.sdsm.org.mk. Извршен е целосен редизајн на официјалната интернет страница на СДСМ во насока на зголемување на прегледноста на информациите и функционалноста на елементите поставени на страницата.

Новиот www.sdsm.org.mk е целосно прилагоден на потребите на граѓаните, а за таа цел направени се следните усовршувања:

Зголемена функционалност за подобрување на двонасочната комуникација со граѓаните
Зголемена прегледност на најновите информации
Респонзивен и модерен дизајн прилагоден за користење на сите интернет уреди (компјутери, таблети, мобилни телефони и слично)
Подобра интеграција со социјалните мрежи
Прегледен визуелен распоред на елементите
Зголемена брзина на отворање на содржините поставени на страницата
Најавите на изјави, прес конференции и други настани се јавно достапни и видливо позиционирани

На овој начин СДСМ уште еднаш потврди дека е одговорна партија способна во целост да одговори на потребите на граѓаните. Вистинските
информации поврзани со сите активности на СДСМ и коалицијата, граѓаните и понатаму ќе можат да ги добиваат целосно, брзо и одговорно.

 

 

Скопје, 05.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести