Соопштение за јавност
Додека проагданата платена со пари на граѓаните штанца нарачани прилози за тоа дека во Илинден тече мед и млеко, реалноста, за жал е сосема поразлична.
На фекална канализација во Илинден се приклучени само 82 домаќинства а потребни се над 1.000 приклучоци.
Дури ниту зградата на Општина Илинден не е приклучена на канализациона мрежа.
Здравствениот дом во Илинден се распаѓа, пациентите треба да внимаваат да не добијат некоја зараза од руинираните тоалети.
Но, затоа за пропагандата, задолжена оваа реалност да ја крие од граѓаните, Никола Груевски за само три години префлил 13 милиони евра, пари на граѓаните, за три години.
Самиот факт што во 21 век, нема канализација ниту здравствен дом, во Илинден, населено место близу Скопје, јасно покажува дека за Никола Груевски во изминатите 10 години најважни биле провизиите и бизнисте а не интересот на граѓаните.
Молкот на Сител, Канал 5 и Алфа за катастрофалните состојби во државата е платен со вртоглави милионски суми пари на граѓание.
Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми.
Но, заврши времето на Никола Груевски.
Општинска организација на СДСМ Илинден
Скопје, 03.02.2016