Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е во очај затоа што не може повеќе да гo крие криминалот што со години го правеле во Министерството за труд и социјална политика.
ВМРО-ДПМНЕ не може да ги скрие долговите што ги остави поранешниот министер Диме Спасов кон фирмите кои што вработија лица со посебни потреби.
Се погласно граѓаните зборуваат за сиромаштијата во којашто погрешните политики на ВМРО- ДПМНЕ ги втурнаа граѓаните.
Хаосот во Министерството за труд и социјална политика го направиле Груевски и Спасов со тендер политиките што ги спроведувале во МТСП во интерес на криминално-коруптивните бизниси на фамилијата.
Граѓаните во социјален ризик никогаш не биле во фокусот на оваа власт во заминување.
Интерес на Груевски и фамилијата се милионските парцели, рајските бизниси и мерцедесите од 600 000 евра.
Но заврши времето на Груевски, завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 01.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА