Соопштение за јавност
Денеска Зоран Ставрески го објави историски највисокиот износ на јавен долг од осамостојувањето на Република Македонија.
Поради расипничките политики на Никола Груевски и фамилијата во изминатите години пробиена е границата од над 4 милијарди евра јавен долг и сега изнесува 4 милијарди и 224 милиони евра!
Во последните 90 дена од 2015 година, владата на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше граѓаните на Македонија со повеќе од три милиони евра секој ден.
Доколку СДСМ, преку дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, не го преполовеше износот на еврообврзницата, задолжувањето ќе беше повеќе од шест милиона евра дневно.
Ова е потврда дека поранешниот премиер Никола Груевски, обидувајќи се да ја спаси својата кожа, ја носи државата, граѓаните и идните генерации во должничко ропство.
Скопје, 29.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА