fbpx

Владимир „дил ориентед“ Пешевски е извршителот на коруптивните зделки на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владимир „дилориентед“ Пешевски е најслепиот извршител на сите коруптивни зделки по нарачка на Груевски. Тој извршува и повеќе од предвиденото. 102,5% секоја луда замисла на Груевски е реализирана директно од ,,дилоринтед“ талентираниот Пешевски.

Груевски и „дилориентед“ друштвото единствено нешто што реализираа успешно, се договорените проценти и провизии што легнаа во нивниот џеб.

Во проектот Вистината за Македонија слушнавме како Пешевски директно учествува во најголемиот корупциски скандал досега, договарајќи проценти за милионски провизии коишто се директно за Груевски и фамилијата на власт.

Со заминувањето на оваа власт, Владимир „дилориентед“ Пешевски ќе биде запаметен како вице премиер кој што првпат во историјата на Македонија посегна физички да се пресмета со новинар.

Ваквите дилориентед политики оставија над 500 000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштија.

Но, затоа провизиите, процентите, криминалите, дилориентед талентите, бизнисите на неговата сопруга и профитите на Пешевски ќе вртат милиони евра за да ги задоволат апетитите на Груевски и фамилијата додека 180.000 граѓани едвај преживуваат со по 40 денари на ден.

Скопје, 22.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести