Соопштение за јавност
Почитувани,
Денеска се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ на којашто едногласно е потврдено дека за СДСМ не се прифатливи избори без слободни медиуми и без прочистен Избирачки спосок. На такви избори СДСМ нема да учествува.
Непрочистениот Избирачки список и медиумскиот мрак фамилијата би сакала да го користи за спас на сопствената кожа.
Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнија клучните обврски од Договорот од Пржино. Согласно Договорот од Пржино регулацијата на медиумите требаше да заврши на крајот на август 2015 година. Дополнително, изборот на ДИК власта во заминување го кочеше цели 5 месеци за да не се прочисти Избирачкиот список.
СДСМ ќе продолжи да се бори за создавање на фер и демократски услови за одржување на изборите со сите демократски средства што ни стојат на располагање.
Ќе продолжиме да се бориме за слободна и демократска Македонија заедно со граѓаните.
Скопје, 18.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА