fbpx

Три милиони евра врти фабриката за лаги на братучедите Груевски и Мијалков

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра!

Креирајќи лажна реалност, главните уредници на овие медиуми, братучедите Груевски и Мијалков им украдоа 10 години живот на граѓаните на Македонија, додека тие лично се богатеа.

Три милиони евра врти фабриката за лаги на Никола Груевски! Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.

„Курир“, „Република“, и “Радио слободна Македонија” повеќе од еден месец молчат за милионските приходи ама затоа секојдневно објавуваат нарачани текстови во одбрана на криминалот на фамилијата на власт.

СДСМ пред повеќе од 1 месец објави за приходите од 1.3 милиони евра на „Курир“, за приходите од 1.1 милион евра на „Република“, приходите од 617.000 илјади евра на “Радио слободна Македонија.”

Фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.

Оваа фирма покрај сопственик на “Курир” и “Радиото Слободна Македонија” е сопственик и на “К Три телевизија ДООЕЛ Куманово”.

НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков.

Во Вистината за Македонија се покажа поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Затоа овие медиуми на братучедите Груевски и Мијалков 10 години ги трујат граѓаните со нарачани информации и ги штитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.

Никола Груевски не сака слободни медиуми. Медиумскиот мрак во Македонија фамилијата сака го користи за спас на сопствената кожа. Затоа владее тишина за милионите на сметките на медиумските курири.

 

Скопје, 18.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести