Средба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Кристине Алтхаузер
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнето се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Кристине Алтхаузер.
Тема на средбата беше спроведувањето на Договорот од Пржино и шансите за фер и слободни избори.
– Без прочистен Избирачки список и обезбедување механизми за професионално известување на медиумите не се можни фер и демократски избори, рече претседателот Заев.
На средбата е изразена согласност дека следните избори во Македонија мора да бидат слободни и фер, бидејки тоа ја дефинира иднината на граѓаните и државата.
Претседателот Заев информираше и за скандалот со злупотребата на незаконски лични карти од страна на власта во избори цели, што е силен аргумент дека се потребни цврсти гранции од институциите и пред се од Државната изборна комисија дека граѓаните на следните избори ќе гласаат според доверлив Избирачки список.
Скопје, 14.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА